Во Холивуд синоќа беа доделени филмските награди Златен глобус за 2023 година, што е прва голема церемонија на доделување награди оваа сезона.
Конкуренцијата беше голема, а за најдобра филмска драма е прогласена „Фабелманови“ на Стивен Спилберг, додека наградата за најдобра комедија или мјузикл отиде во рацете на мрачната комедија „Банши од Ишерин“.
Златен глобус за најдобра женска улога синоќа ѝ припадна на актерката Кејт Бланшет во филмот „Тар“, а за најдобра машка улога отиде во рацете на Остин Батлер во филмот „Елвис“.
Наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Ке Хуи Куан за улогата во филмот „Сè насекаде одеднаш“, а за најдобра споредна женска улога беше доделена на Анџела Басет за нејзината улога во „Црниот пантер: Ваканда засекогаш“.
Златниот глобус за најдобар режисер му припадна на Стивен Спилберг за „The Fabelmans“, пренесе Ројтерс.