Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека за време на посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) имала многу добра средба со претседателот на Интерпол, Ахмед Насер ал Раиси, кој потврдил дека за време на неговиот мандат, апликацијата на Косово за членство во таа организацијата нема да биде на дневен ред.Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека тоа е особено важно за Србија, бидејќи според неа, постојат две клучни институции – Интерпол и УНЕСКО и важно е да не ги разгледаат барањата на Косово за членство.
Презадоволна сум од резултатите од посетата на ОАЕ и од соработката со таа земја, рече таа и додаде дека минатата година се потпишани 10 договори со ОАЕ.
Ахмед Насер ал Раиси беше избран за претседател на Интерпол во ноември 2021 година и неговиот мандат трае четири години.