More

    Недостаток на сон: Спиењето помалку од пет часа може да предизвика голем број на болести

    spot_img

    Спиењето помалку од пет часа на возраст меѓу 50 и 70 години го зголемува ризикот од развој на најмалку две хронични болести, открива новото истражување на научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

    Сериозното предупредување доаѓа по објавувањето на заклучоците од истражувањето кое се вршело дури 25 години, пренесува порталот ScienceDaily.

    За време на долгорочен експеримент, научниците ја проучувале врската помеѓу часовите на спиење и дијагностицираните хронични болести и на крајот смртноста на секој од испитаниците.

    Оние испитаници кои изјавиле дека спијат пет часа или помалку имале 20% поголеми шанси да заболат од хронични болести. Во исто време, тие имаа дури и високи 40% шанси истото да им биде дијагностицирано во следните 25 години. Оваа група била споредувана со луѓе кои спиеле и до седум часа навечер, што им го подобрило здравјето.

    Загрижува и фактот што научниците заклучиле дека недостатокот на сон на 50-годишна возраст го зголемува ризикот од смртност во текот на следните 25 години истражување.

    Седум до осум часа сон во текот на ноќта е оптимално
    Со текот на годините, луѓето ги менуваат своите навики за спиење. Сепак, научниците препорачуваат секој човек да се труди да спие седум до осум часа секоја вечер за да спречи развој на хронични болести.

    Професорите од Универзитетот во Лондон нагласуваат дека краткото времетраење на спиењето влијае на развојот на мултиморбидитетот, односно на две или повеќе хронични заболувања.

    Совети за поквалитетен сон
    Ако овие предупредувања ве поттикнаа да посветите повеќе внимание на обезбедување на квалитетот на вашиот сон, еве неколку корисни совети од англиските научници.

    Клучот е да се обезбеди добра „хигиена на спиење“. Тоа значи дека просторијата во која спиете мора да биде тивка и темна, а температурата удобна. Исклучително е важно да ги отстраните електронските уреди како мобилни телефони, таблети и лаптопи од областа каде што спиете поради зрачењето.

    Пред спиење, обидете се да избегнувате да гледате во екраните и да користите уреди кои го будат мозокот и ги заморуваат очите. Физичката активност во текот на денот дополнително го подобрува квалитетот на спиењето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img