Рускиот пропагандист и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Соловјов, се закани на друга европска земја, велејќи дека не треба да постои, се вели во видеото што го сподели советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.
Видеото од руската државна телевизија започнува со размислување за контранапад додека Русија „седи и чека“. После тоа во дискусијата се вклучува и Соловјов кој наместо контранапад повикува на превентивен удар и тоа против Франција.
„(Емануел) Макрон ги снабдува со тенкови и ние треба да им дадеме превентивен напад бидејќи тие учествуваат во конфликтот“, рече Соловјов.
Андреј Гуруљов, пензиониран руски воен командант и актуелен пратеник во руската Дума и близок сојузник на Путин, истакнува дека ако Франција почне „отворено да предизвикува штета, не плашејќи се ништо“, тогаш и таа станува призната страна во конфликтот, пренесува Newsweek. .
„Не треба да има Франција. Имаше Франција, а потоа ја нема. Дали некој би се налутил поради тоа“, рече Гуруљов, додавајќи дека Русија има доволно муниција да ги „уништи Франција или Британија“.