Еден од најпопуларните луксузни брендови „Луј Витон” пуштил во продажба чанти на кои стои албанското национално знаме. Информацијата на Фејсбук ја сподели албанскиот премиер Еди Рама, а потоа ја пренесоа и сите медиуми во државата.
„Нова чанта на „Луј Витон” со најубавото знаме во светот“, напиша Рама за чантата која ќе чини 9.900 долари.
Албанскиот премиер синоќа на социјалните мрежи објави и дека еден од најпознатите производители на часовници во светот „Франк Мулер” од Швајцарија пуштил во продажба специјален модел на луксузен часовник изработен од челик и црн титаниум, со ликот националниот херој на Албанците Ѓерѓ Кастриот Скендербег.