Пожарот над тетовското село Теарце, што избувна вчера, се уште е активен, соопшти Центарот за управување со кризи.
Шумскиот пожар е на непристапен терен.
Опожарена е површина од околу 5-6 хектари букова шума, а дел пасишта и папрат.
Дежурна екипа на Националниот парк го следи со присуство на терен и преку директен контакт со граѓани кои престојуваат околу реонот каде што е пожарот, соопшти ЦУК.