More

    Се повеќе деца со грип завршуваат во болницата во Козле

    spot_img

    Се повеќе деца со грип завршуваат во болницата во Козле. Ако пред празниците дел од болничките капацитети биле испразнети, после Нова Година повторно гужви пред ординациите и чекање по најмалку половина час за преглед.

    Во вчерашниот неработен ден педијатрите прегледале повеќе од 170 деца и велат дека најмалите се најпогодени од сезонскиот вирус, а тоа го покажуваат и бројките од Институот за јавно здравје, објави Сител.

    – Да сега имаме поголем број на деца кога ги тестираме се покажува дека имаат грип. Сега грипот е речиси изедначен со респираторниот синцицијален вирус и симптомите се исти и за децата тоа ништо не значи, но ние правиме испитувања за да диференцираме – вели д-р Бесник Зеќири, директор на детска болница Козле.

    Во моментот во болницата во Козле има 69 хопситализирани деца од кои 80 проценти се на возраст до три години. Дел од нив се и на кислородна поддршка поради клиничката слика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img