More

    Болница ги шокираше пациентите со порака за Божик, час подоцна ја увиделе грешката

    spot_img

    Пациентите од болница во Англија добиле морничава порака, луѓето се онесвестиле од шок, а само еден час подоцна сфатиле што направиле.

    Медицинскиот центар „Askern Medical Practice“ во Англија пред Божиќ со СМС порака сакал да им го честита Божик на своите пациенти, но наместо честитка по грешка испратиле дијагноза за агресивен рак на белите дробови кој не може да се лекува. Дури по еден час пациентите добиле уште една порака во која болницата се извинува за грешката и овој пат навистина им го честита Божик, пренесува магазинот Феникс.

    – Кога ја прочитав пораката ми се слоши и колабирав. Кога ја добив пораката од Медицинскиот центар Аскерн во Донкастер помислив, тоа е тоа, имам рак – рече Сара Харгривс, на која неколку дена претходно и беше отстранета бенка и ги чекаше резултатите.

    На стотици од околу 8.000 пациенти во центарот им е кажано дека имаат агресивен, метастатски рак на белите дробови кој не може да се лекува.

    Неколку реда под текстот со дијагнозата беше образец за помош достапен за „пациентите“. За среќа, излегува дека пораката е испратена по грешка. Болницата всушност сакала да им го честита Божик на своите пациенти. Вистинските божиќни честитки пристигнаа дури еден час подоцна.

    „Извинете за претходната порака“, гласело во другата порака што пристигнала еден час подоцна, „таа е испратена по грешка. Всушност треба да гласи: „Среќен Божиќ и Нова Година“. „Во итен случај повикајте 111“, напишале од болницата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img