И од АВМУ реагираат на одлуката на МНР да се рекламира со државни пари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги АВМУ реагира на набавката на 100.000 евра со кои Министерството за надворешни работи ќе го промовира претседавањето со ОБСЕ во приватните медиуми. Од АВМУ велат дека владината одлука е незаконска.

„Во врска со одлуката на Министерството за надворешни работи да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, се вели во реакцијата и се додава:

„За вакви и слични настани кои се од голема важност за државата, граѓаните не само што имаат право туку и треба да бидат информирани, но на други начини, а не преку трошење на буџетски средства. Користењето средства на даночните обврзници за рекламирање на власта преку комерцијалните радиодифузери може да предизвика нарушување на независноста и на уредувачката самостојност и истовремено може да создаде клиентелистички однос на медиумите кон власта“.

Претходно на ваквата одлука реагираше Здружението на новинари на Македонија, ЗНМ, кое предупреди дека одлуката на Владата може да предизвика обид за поткупување на медиумите и платена владина пропаганда спротивна на законските одредби.

Share This Article