More

    „Руско будење“ за совршена кожа, а не чини ниту денар

    spot_img

    Дека традиционалните рецепти навистина делуваат, доказ е руската манекенка и супермодел Ирина Шајк.

    Оваа 35-годишна убавица, која красела многубројни модни магазини досега, ја сподели својата мала тајна која ја прави нејзината кожа да блеска, а и покрај бројните ангажмани кои ги има околу манекенството и моделството, да биде здрава и хидрирана.

     

    Фацијалната криотерапија или поедноставно, третман со мраз, спаѓа во традиционалните руски методи за одржување на кожата.

    Овој третман ја поттикнува циркулацијата во лицето, ја намалува отеченоста, ја затегнува кожата и ѝ дава природен сјај.

    Процесот се прави крајно едноставно – со мраз се поминува преку кожата на лицето.

     

     

    Ирина открила дека мразот го подготвува претходната вечер и дека во него додава краставица и камилица, чии хранливи материи имаат неверојатно дејство на кожата на лицето.

    Кога ќе се намали црвенилото кое неминовно се појавува по студенилото од мразот, Ирина се мачка со хидратантен крем на лицето, но исто така не ги заборава ниту вратот и деколтето.

    Потоа, кратко го масира лицето со масажер, со што ја поттикнува дренажата, па нанесува крем на подрачјето околу очите.

    На крајот од третманот, убавата Ирина вели дека лицето треба да се испрска со мала количина на термална вода и да се намачка со уште еден слој од кремот.

    Рамномерен сјај, чисто лице и блескав тен – Ирина Шајк е навистина најдобрата реклама за овој третман, а секако и добра причина за истиот да се проба.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img