Минатата година пејачката Шакира раскина со фудбалерот Жерар Пике. Новата 2023 година штотуку започна, а пејачката уште првиот ден ѝ се обрати на јавноста и, очигледно, испрати посилна порака од кога и да е откако се раздели со Пике, со кого беше 12 години.
„Иако нашите рани се уште се отворени и во оваа нова година, времето лекува сè. Дури и ако некој нѐ изневерил, ние мора да продолжиме да веруваме. Соочени со презирот, продолжете да се цените себеси, бидејќи има повеќе добри луѓе отколку непристојни. Има повеќе емпатични отколку бесчувствителни луѓе. Помалку од нив заминуваат, а повеќе остануваат покрај нас“, напишала пејачката, па продолжила:
„Нашите солзи не се на отпад, тие ја залеваат земјата на која ќе се роди иднината и нѐ прават подобри луѓе, за и покрај скршеното срце да продолжиме да сакаме“, навела Шакира во пораката што ја објавила на Инстаграм.
Како што минатата година ја одбележа нејзината разделба со фудбалерот по 12 години заеднички живот, многу љубители на нејзиниот лик и дело меѓу редови ја прочитаа оваа порака и заклучија дека овие зборови се однесуваат на целата таа ситуација.
Се пишуваше за тоа дека Пике ја изневерил Шакира, а во сето тоа фудбалерот прекршил еден од нивните поважни договори.
Наводниот договор меѓу поранешната двојка бил тие да не се појавуваат во јавноста со новите партнери една година по разделбата. Пике прв го прекршил тој договор, кој во јавноста беше виден со својата нова девојка Клара Чиа Марти.
ФОТО: Инстаграм