Денеска во Битола се упокои професорот Владимир Костов

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Битола почина Владимир Костов (1932 г), професор и писател, почесен член на МАНУ и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски”.

Костов работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола од нејзиното основање па сè до своето пензионирање, бил еден од основачите како и главен уредник на списанието „Развиток”.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои во два наврати наградата на градот Битола „4 Ноември”, и награда за животно дело, како и на републичките награди „11 Октомври”, „1 Мај”, наградата „Рациново признание”; наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ванчо Николески”; „Гоцева повелба” за литературна дејност; наградите на Сојузот на здруженијата на наставниците по македонски јазик и литература и „Феникс”. За литературна дејност одликуван е со орден „Заслуги за народ со златен венец”.

Владимир Костов има објавено 17 романи, 10 збирки новели и раскази и осум книги за деца и млади. Застапен е во антологии на македонскиот расказ кај нас и во светот.

Во 2015 година Костов, член на МНД-Битола, беше избран и за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите. 

Share This Article