Кристијано Роналдо неодамна потпиша еден од најпрофитабилните договори во историјата на фудбалот, но во последните денови се соочува со нова криза, овојпат на личен план.
Во моментот кога Португалецот отпатува во Саудиска Арабија за да биде претставен со својот нов клуб, се појавуваат нови проблеми во неговиот однос со неговата свршеница Георгина Родригез.
Нивната врска долго време се сметаше за силна, особено по последните видеа во кои Роналдо за Божиќ добива нов автомобил од Џорџина, но последните информации од Пиринејскиот полуостров, поточно од шпанска Марка, велат дека врската меѓу двајцата е прилично нестабилна. Исто така, се шпекулира дека нивната венчавка била одложена поради несогласувања кои долго време ги чувале во тајност и разочарувањето на Роналдо по елиминацијата од Мундијалот.
Сето ова се случува во деновите кога Роналдо треба да стане еден од најплатените фудбалери досега.