Хари и Меган се прогласени за најздодевни славни личности во 2022 година, само неколку недели по објавувањето на нивниот мултимилионски документарец за Нетфликс, објави Дејли мејл.
Водителката Опра Винфри (68) го зазеде третото место, актерката Амбер Херд (36) го зазеде четвртото место, а актерот и водител Џејмс Корден (44) го зазеде петтото место.
На листата се најдоа и ѕвезди чија репутација беше доведена во прашање, како Канје Вест и Елен Деџенерис, но озлогласената кралска двојка убедливо доминираше на не толку ласкавата листа.
На листата се најдоа Лејди Гага, како и Вил Смит, Двејн Џонсон, Џеј Зи, Бијонсе и Били Ајлиш.
Резултатите кои доаѓаат од целиот свет покажуваат дека на јавноста ѝ е преку глава од кралската двојка, која успеа да остане во центарот на вниманието преку разни скандали откако се пресели во САД.
Меган освоила 24.201 глас, а Хари – 21.492 гласа од вкупно 416.000 гласови.