Најновиот филм за Бетмен на „Ворнер Брос“ во текот на викендот во американските киносали заработи околу 128,5 милиони долари, со што стана првиот овогодишен филм кој во првиот викенд од прикажувањето надминал заработувачка од 100 милиони долари, се податоците на компанијата „Exhibitor Relations“.
Продукцијата на оваа особено мрачна верзија на филмовите за Бетмен во која глуми англискиот актер Роберт Патинсон чинеше околу 200 милиони долари.
„Spider-Man: No Way Home“ на „Sony“ е вториот филм од периодот на пандемијата кој ја премина границата од 100 милиони долари во првиот викенд од киносалите. По неговата премиера во декември, забележа огромна продажба на билети од 260 милиони долари.
Авантуристичкиот филм на „Sony“ – „Uncharted“, во кој Том Холанд го глуми ловецот на богатство, падна на скалата заработувајќи досега вкупно 11 милиони долари.
Комедијата „Куче“ на „Метро Голдвин Мајер“ со Ченинг Тејтум во главната улога го зазеде третото место со 6 милиони долари.
„Спајдермен“ е на четвртото место со 4,4 милиони долари заработени од домашна продажба на билети по 12 недели прикажување во киносалите. На меѓународниот пазар досега има заработено околу милијарда долари.
Петтото место, еден пониско во однос на минатата недела, го зазеде „Смрт на Нил“ на Кенет Брана со 2,7 милиони долари.