Засега е потврдено дека едно лице загинало по денешниот руски ракетен напад врз Киев.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека едно лице е убиено во областа Соломјанск. Во Соломјанск, југозападно од градот, најмалку три жени се пренесени во болница.
– Проектили погодиле хотел и куќа – изјави Кирил Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на украинскиот претседател.
Во Киев денеска се слушнаа десет експлозии додека траеше предупредувањето за руските воздушни напади.
Жителите на Киев пријавиле дека слушнале силни експлозии откако Русија започнала серија воздушни напади, објави „Гардијан“.
Ширум Украина беше издадено предупредување за воздушна закана, а властите ги советуваа жителите да се засолнат.