Рускиот претседател Владимир Путин го изрази своето сочувство до бразилскиот народ по повод смртта на фудбалската легенда Пеле, нарекувајќи го „извонреден човек и славен син на бразилскиот народ”, соопшти денеска Кремљ.
„Благодарение на неговиот талент, неговите уникатни вештини, неговата фасцинантно убава игра, фудбалот стана омилена игра на милиони луѓе ширум светот, вклучувајќи ја и Русија”, напиша Путин во телеграмата со сочувство до бразилскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро.
„Имав задоволство лично да комуницирам со овој извонреден човек и секогаш ќе се сеќавам на него”, додаде Путин.
Пеле почина вчера во болницата во Сао Паоло на 82-годишна возраст.