More

    Мадона објави бизарно видео за Божиќ

    spot_img

    Кралицата на поп музиката Мадона повторно предизвика контроверзии со најновата објава на Инстаграм, а реакциите на нејзините следбеници не се баш позитивни. Пејачката објави кратко видео кое започнува со позирање во божиќен костим и долна облека, а завршува со слика со семејството.

    Во видеото кое беше објавено пред два дена, Мадона зјапа во камерата, прво во костим на Дедо Мраз, а потоа во црна долна облека, додека во позадина свира Santa Baby. Видеото завршува така што таа позира со малолетните деца Дејвид, Мерси, Стела и Естере.

     

    Видеото досега собра илјадници коментари, а некои нејзини следбеници реагираа доста негативно на ова видео, најмногу поради позирањето во долна облека и фотографирањето со деца во истата објава. Ќе истакнеме некои од коментарите.

    „Непријатно ми е да го гледам ова“, „Кој ѝ дозволува да објавува вакви видеа“, „Колку може да биде морничава Мадона“, „Која си ти и што направи со Мадона“, „Дали некој друг се плаши од нејзините очи“ , „Веќе не знам која е таа личност“, „Бизарно видео“, „Одземете ѝ го мобилниот телефон“, „Ова е многу чудна објава“, коментираат незадоволните следбеници на Мадона.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img