Нафтената компанија „Шел“ соопшти дека ќе плати 15 милиони евра компензација на нигериските земјоделци, откако компанијата беше прогласена за одговорна во два случаи поврзани со излевање на нафта во Нигерија.
Во соопштението на нафтениот гигант се вели дека сумата за компензација е договорена во координација со Здружението за заштита на животната средина (Miliudefensie), кое го водело судскиот случај во име на нигериските фармери.
Вкупно 15 милиони евра ќе бидат исплатени како компензација на четворица земјоделци и луѓе кои живеат во нигериските села Орума, Гоа и Икот Ада Удо, поради случаи на истекување нафта во периодот од 2004 до 2007 година.
Судот во Хаг со одлука од 29 јануари 2021 година пресуди дека Шел е одговорна за две излевања на нафта во Нигерија.