Граѓани за влез во Македонија чекаат повеќе од 3 часа на граничниот премин Табановце во километарски колони. Според кажувањата на очевидци награничниот премин имало зголемено полициско присуство, но нема проток на патници ниту на возила.
Во медиумите се шпекулира дека МВР во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка истрага на Табановце, а опфатени се полициски и царински службеници од преминот во врска со индиции за коруптивни дејства.