Млад човек облечен како Дедо Мраз лежи на патот додека друг млад човек силно го удира по главата, по што тој паѓа во несвест. Ова е сликата од Славонски Брод, место во Хрватска, каде полицијата потврди дека се судрила и морала насила да го приведе напаѓачот кој имал само 21 година и 1,82 промили алкохол во крвта, пишува Јутарни.
Напаѓачот ги навредувал полицајците. Постојат шпекулации и дека во тепачката бил вклучен припадник на армијата за што може да следува дисциплинска постапка. ХРТ неофицијално дознава дека пред две години војникот веќе бил дисциплински и кривично одговорен за нанесување физички повреди и смртни закани. Не бил избркан од војска, но во меѓувреме напредувал и добивал награди.Хрватското министерство за одбрана го осуди инцидентот и побара истрага од Воената полиција.
Подоцна, полицијата го утврди идентитетот на четворицата учесници во вчерашната тепачка во Славонски Брод, тие биле на возраст меѓу 20 и 24 години.
Момчето облечено како Дедо Мраз кое лежело на тротоарот има 21 година и е со тешки повреди.
– Пациентот бил свесен, со удари по главата, со гребаници, со удари по телото. Се пожалил на болки во пределот на лицето. Истиот бил испратен на одделението за уво, грло, нос, каде било констатирано пукнување на левото тапанче. Се работи за тешка физичка повреда, санирана е согласно протоколот – изјавил за ХРТ д-р Борис Хречковски, дежурен хирург од Општата болница д-р Јосип Бенчевиќ во Славонски Брод.
Таткото на повредениот млад човек е во шок.
– Тоа е траума за секој родител и дете. Не можете да зборувате за тоа, треба да го доживеете и потоа да живеете со него. Тоа е тешко да се доживее. Сега сочувствувам со сите родители кои претрпеа такво нешто. Не можам да сфатам дека некој може на Бадник… Јас немам негов контакт ниту сакам да имам. Не сакам да го осудувам, имаме право, судството ќе си ја заврши работата. Не можам да спијам како родител. Тешко ми е… Жената плаче, јас плачам – вели Златко Ереиз.