Легендарниот италијански селектор Фабио Капело се осврна на неодамна завршеното Светско првенство во Катар.
За почеток победникот Лионел Меси.
„За мене тој беше на исто ниво како Марадона и пред Светското првенство. Пеле, Меси и Марадона направија работи што другите не можат ни да ги замислат“, изјави Капело.
А потоа за Роналдо.
„Сем е виновен за тоа што му се случува. Неговиот фудбалски квалитет не може да се доведе во прашање, но тој беше арогантен. Се нудеше наоколу, но не најде некој што сакаше да го земе. Тој стана товар за тимот“.
Конечно интересно гледиште за случајот со Бензема и дали ќе беше поинаку доколку Дешам го вметнаше во финалето.
„Тој не погреши, истото го направив и со Савиќевиќ пред финалето на Интерконтиненталниот куп во 1993 година. Тоа утро, на денот на натпреварот, ми кажа дека е подготвен за игра откако направив цел план со Радучоју. Од почит, не му дозволив да игра. Мислев дека поинаква одлука нема да биде фер за тимот. Останува прашањето дали Милан и Франција ќе освоија повеќе трофеи со Савиќевиќ и Бензема? Можно е тоа да биде“.