Компаниите затечени од одлуката на „Макпетрол“ да прекине да испорачува гас

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Компаниите, институциите и приватните лица се затечени бидејќи ќе останат без гас од почетокот на 2023 година, откако „Макпетрол“ денеска соопшти дека нема да увезува ниту да продава гас, бидејќи не е решено снабдувањето со гас од „Булгартрансгас“.

Дел од компаниите кои се снабдуваат со гас преку „Макпетрол“ велат дека ќе ги затворат погоните бидејќи оваа компанија е нивен единствен снабдувач.

– Само што добивме известување од „Макпетрол“ дека од 1 јануари нема да имаме дотур на гас за нашите клиенти. Ние снабдуваме 130 клиенти со гас. Од нив 30 се училишта, градинки и пензионерски дом, а 100 се приватни лица. Што ќе правиме, моментално не знам, но ние немаме опција ни да го тужиме нашиот снабдувач, бидејќи договорот содржи клаузула според која ако нема дотур на гас во земјава нема ни да ни се испорачува. И нашите договори со клиентите исто така содржат ваква клаузула – вели Марко Митровски, директор на „Куманово гас“.

Компаниите, институциите и граѓаните кои се снабдуваат со гас од „Струмица гас“ нема да имаат проблем со испораките на гас бидејќи оваа компанија набавува компримиран гас од друг снабдувач.

– Кај нас нема проблем во испораката, бидејќи компримираниот гас го набавуваме преку компанијата „Си ен џи системс“ со која соработуваме подолг период. Моментално имаме и нов тендер за набавка за преостанатиот дел од годината. Наша поволност е што компримиран гас може да се набави и од соседството. Има фирми кои го компримираат во Србија, Бугарија и во Грција и се надеваме дека во снабдувањето на нашите 400 клиенти нема да имаме проблеми – вели директорот на „Струмица гас“ Благој Милановиќ.

Дел од индустриските капацитети најавуваат дека ќе ги затворат погоните ако не се реши проблемот со снабдување со природен гас. Други, пак, поради кризата и случувањата околу цената на гасот во изминатиот период се адаптираа и за користење на алтернативни енергенси – мазут, ТНГ и екстра-лесно гориво, но колку тоа ќе биде исплатливо во овој период треба да покажат нивните пресметки.

Во земјава, според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, има два субјекта кои се јавуваат како увозници на природен гас, и тоа „Макпетрол“ АД Скопје и ТЕ-ТО АД Скопје.

Доминантно учество во снабдувањето на пазарот на мало со природен гас во 2021 година има „Макпетрол“ АД Скопје со 53,5 %, по што следува „Макпетрол промгас“ ДООЕЛ Скопје со 35,05 % пазарно учество, ДТИРЗ Скопје со 8,68 % пазарно учество, ЈП „Струмица гас“ со 1,59% и ЈП „Куманово гас“ со 1,18 % пазарно учество.

Плусинфо праша во Владата како ќе се реши проблемот со снабдување со гас на компаниите и институциите кои добиваат гас преку „Макпетрол“. Оттаму рекоа дека ќе испратат соопштение.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article