Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, изјави дека НАТО пресретнал терористички напади кои се подготвувале против неговата земја во најмалку три наврати.
„Не сакам да давам детали, но според податоците добиени од НАТО, во изминативе години во најмалку три наврати биле пресретнати терористички напади, а тие се уште биле во подготвителна фаза, која се случила надвор од нашата територија. “ изјави Пендаровски.
Во четвртокот, во својот годишен говор пред Собранието, Пендаровски рече дека НАТО активно и помага на Северна Македонија во однос на хибридните закани од тероризмот, пред се поврзани со повратниците од војните на Блискиот Исток.
Северна Македонија е полноправна членка на НАТО од март 2020 година, бидејќи по потпишувањето на Договорот од Преспа, Грција го отстрани ветото.
Пендаровски го потсети Собранието дека „во 2016 година недалеку од Северна Македонија, во Црна Гора, имаше обид за државен удар преку традиционална, а не хибридна закана“.
Но, неопходно беше да се случи голема трагедија во Украина, нагласи тој, „да се погрижиме со Договорот од Преспа навреме да се ставиме под колективниот штит на НАТО, без да бидеме национално обезличени, како што стравуваа некои“.