ЕУЛЕКС го зголеми присуството на своите сили на северот на Косово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЕУЛЕКС го зголеми присуството на своите сили на северот на Косово
Мисијата ЕУЛЕКС соопшти дека го зголемила присуството на своите сили на северот на Косово, бидејќи смета дека ситуацијата во таа област е нестабилна.

„Внимателно ја следиме безбедносната ситуација во северниот дел на Косово преку нашето зголемено присуство на теренот. „Припадниците на нашата специјална полициска единица од Полска и единицата за европска жандармерија од таа земја вршат надзорни патроли, вклучително и пешачки патроли во Северна Митровица и Звечан“, се вели во соопштението.

Патиштата на северот на Косово, како и административните премини Јариње и Брњак се блокирани веќе 13 дена, откако локалните Срби поставија барикади поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

За потсетување, ЕУЛЕКС во вторникот објави дека за време на патролите на северот на Косово бил вознемирен од „присуството на вооружени луѓе, често маскирани поединци и групи“. Тие оценија и дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

Share This Article