Русија објави тајни документи на украинските воени сили

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руското Министерство за одбрана денеска пред јавноста објави тајни документи што укажуваат дека украинските оружени сили планирале во март годинава да спроведат воена интервенција во Донбас.

„Во рамки на специјална воена операција руските сили дојдоа до тајни документи на Командата на Националната гарда на Украина. Тие потврдуваат тајна подготовка на режимот на Киев за офанзивна операција во Донбас во март 2022 година“, изјави портпаролот на руското МО, Игор Конашенков.

Според него, станува збор за тајна наредба потпишана од командантот на Националната гарда на Украина, генерал-полковник Микола Балан датирана на 22 јануари оваа година.

Како што наведе Конешенков, планот предвидувал до 28 февруари да заврши борбената координација на украинските националисти, за да се обезбеди реализација на офанзивни задачи во рамки на украинската „операција на здружените сили“ во Донбас.

Share This Article