Во понеделникот жена по име Шенис Авилес упаднала во станот на актерот Роберт де Ниро (79) во Њујорк и се обидела да украде божиќни подароци.
Во моментот на кражбата, актерот и неговата ќерка биле на катот и веднаш не знаеле што се случува, а Шенис се обидела да ги земе сите подароци кои биле под елката и си играла со неговиот ај-пед. Упадот се случил околу 2:30 часот по американско време.
Полицајците виделе женско лице како влегува во подрумот на зградата на Ист Стрит 65, во луксузна област на Њујорк – Апер Ист Сајд, каде што исто така пронашле знаци на насилно влегување, објави Ројтерс.
Провалникот наводно бил фатен во станот на Де Ниро додека таа полнела кеса со подароци под елката.
Пред успешно да влезе во станот на познатиот актер, жената се обидела да влезе и во други згради.
Полицијата ја уапсила Шенис Авилес, која пред овој инцидент била апсена 26 пати, најмногу за кражби за време на пандемијата.