Дојави за бомби во Сараево

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата на кантонот Сараево утринава била известена дека повеќе деловни единици на одредени банки на подрачјето на тој кантон по електронска пошта добиле пријава за наводно поставена бомба.

Во врска со тоа, како што соопшти полицијата, преземени се мерки и дејствија за проверка на добиените информации, евакуација и контрадиверзантска проверка на деловни простории.

Известен бил и дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево.

Освен во Македонија и во Србија, неодамна имаше дојавувања за бомби и во главниот град на Црна Гора, Подгорица.

Share This Article