„Кока-Кола“ и „Пепси“ ја прекинуваат продажбата на нивните сокови во Русија, откако претходно и „Мекдоналдс“ и „Старбакс“ објавија најава за прекин на бизнисите во таа држава.
„Кока-Кола“ објави дека во 2021 година, нејзините операции во Русија и Украина сочинувале околу 1 до 2 отсто од нето оперативниот приход.
„Мекдоналдс“ претходно објави дека привремено ќе ги затвори сите свои 847 ресторани во Русија. „Старбакс“ објави и дека ги суспендира сите деловни активности во Русија и дека околу 130 кафулиња што го носат неговото име ќе бидат затворени.
Русија почна инвазија на Украина на 24 февруари, што го натера Западот да воведе строги санкции против државата.