More

    Доктор Беќаровски предупредува дека кај младите девојки во Македонија се шири опасна мода- „диета“ која вклучува конзумирање вино и јајца

    spot_img

    Доктор Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија предупредува дека кај младите девојки во Македонија се шири опасна мода. Тие се навлечени на наводна „диета“ која стана позната во западните списанија како Вог, а вклучува конзумирање вино и јајца. Беќаровски вели дека првите случаи со потешкотии на црниот дроб се регистрирани на клиниката и упатува апел да не се наседнува на ваквите нездрави практики.

    Еве што напиша тој:

    „Една стара “диета” промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува сè попопуларна меѓу скопските тинејџерки.

    “Диетата” се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино.

    Повеќенеделното придржување кон оваа “диета” може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА.

    Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија !!

    Родители најдете малку време да проверите како се “хранат” Вашите деца, пред да биде предоцна.

    Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед“, вели д-р Беќаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img