More

    Бројот на заболени расте, пријавени се 93 нови случаи- Од сезонски грип почина 60 годишник

    spot_img

    Пациент на возраст од 60 години ја загубил битката со сезонски грип и е првиот потврден случај оваа година, информираше Институтот за јавно здравство. Според статистиката која ја објави ИЈЗ во последната недела пријавени биле 93 случаи на грип, најголем број во Тетово – 38, потоа во Гостивар – 16 и Куманово – 14. Лабораториските наоди велат дека станува збор за грип од типот А.

    Од Институтот велат дека во споредба со претходната недела, во текот на 49 недела од годинава (од 5 до 11 декември), пријавени се 93 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип или зголемување од 60,3 проценти.

    Во истиот период во вирусолошката лабораторија на Институтот пристигнале 252 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 22 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и ковид-19.

    Лабораториски се потврдени 3 позитивни случаи, 6 тестови се позитивни на респираторен синцицијален вирус, а кај еден примерок е детектирано присуство на аденовируис.

    – Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 60 години од Скопје кој бил хоспитализирани во клиниката за Пулмоалергологија во Скопје. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни и белодробни) и не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена инфлуенца A несубтипизиран – стои во соопштението од Институтот за јавно здравје.

    Во однос на возрасната дистрибуција, 51 лица се на возраст од 15-64 години, 25 кај деца на возраст од 5-14 години, 9 лица на возраст над 65 години и 8 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца (11,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img