Европа од почетокот на руската инвазија на Украина и енергетската криза предизвикана од санкциите изгубила околу 1.000 милијарда долари (1 трилион), пресмета американската агенција „Блумберг“.
Според нивните пресметки, ваквите загуби се резултат на големото зголемување на цената на струјата за европските компании и потрошувачи.
Во анализата се констатира дека ова е само почетокот на голема енергетска криза на Стариот континент, бидејќи високите цени ќе продолжат да растат во следните години.
Според Блумберг, стабилизација на пазарот со енергенси во Европа нема да се случи пред 2026 година, кога се очекуваат нови испораки од САД и Катар.
Аналитичарите на Блумберг сметаат дека Европа ќе се соочи со силен економски пад, но не и рецесија, доколку цените на природниот гас во Европската унија повторно пораснат на 210 евра за мегават-час.