More

    Аргентинците се во славенички транс по синоќешната спектакуларна победа на нивната репрезентација и освојувањето на третата светска титула на која Аргентина чекаше 36 години

    spot_img

    Аргентинците се во славенички транс по синоќешната спектакуларна победа на нивната репрезентација и освојувањето на третата светска титула на која Аргентина чекаше 36 години.

    Слави целaта земја, старо и младо. Стотици илјади луѓе, ако не и милиони, излегоа на улиците на Буенос Аирес, Росарио и во сите градови во земјата, известуваат светските медиуми.

    Сообраќајот во поголемите градови е потполно закрчен, луѓето излегуваат од автомобилите и слават каде ќе стигнат, свират рогови и труби, се веат знамиња… Комплетно непознати луѓе се прегрнуваат и скокаат, пеат или плачат од радост, а славењето не престана во текот на целата ноќ.

    Неколку часа по завршувањето на натпреварот, улиците на Буенос Аирес беа парализирани. Фудбалските навивачи блокираа многу главни патишта, упатувајќи се кон центарот во сино-бела поворка за да се придружат на огромната толпа кај споменикот Обелиск на Плаца де ла Република. Многу од градските метроа беа затворени, а неколкуте автобуси што сообраќаа беа преполни со навивачи кои исто така се упатија таму.

    Особено бурно и емотивно беше славењето во Росарио, родниот град на Лео Меси.

    Луѓето почнаа да се собираат набргу откако Меси го крена трофејот на крајот на Светското првенство во Катар и останаа на улиците до доцна навечер, при што се заборави на локалното фудбалско ривалство помеѓу Сентрал и Њуелс, па целиот град се обедини во прославата на титулата.

    Сите три гола во финалето ги постигнаа играчи кои потекнуваат од Росарио: два даде Меси, кој ја почна кариерата во Њуелс олд бојс, а еден додаде Анхел ди Марија, кој играше за локалниот ривал Росарио Сентрал.

    – Ние сме шампиони, тоа е она што сите го сакавме, а најмногу за Меси и целиот тим. Ова е лудило и ги надминува сите мои очекувања. Сите слават, сите сме обединети – вели 28-годишниот Херемијас Реголо, жител на Росарио.

    – Аргентина ја заслужи оваа среќа, по сето она лошо што се случува во земјата – вели 21-годишниот Родриго Медина.

    Навистина, многумина во оваа јужноамериканска нација опседната со фудбал велат дека многу им требаше нешто за славење. Зголемената инфлација донесе тешки економски времиња за нејзините 47 милиони жители, од кои многумина мораа да се откажат од одморите или да не купуваат говедско месо за нивните домашни прослави. Неодамнешната пресуда за потпретседателката Кристина Фернандез де Киршнер по обвиненија за корупција дополнително ја поларизираше и онака политички поделената нација.

    Во близина, на едно аргентинското знаме закачено на оградата испишана е порака со боја: „Заслужуваме прекрасни чуда, и тие ќе се случат“.

    За Аргентинците овојпат чудото навистина се случи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img