More

    Скромниот Јокиќ: Не размислувам дали повторно ќе бидам МВП

    spot_img

    Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ одигра уште еден историски натпревар против Шарлот, а по мечот изјави дека не размислува дали ќе биде прогласен за МВП на НБА оваа сезона.

    Српскиот претставник за помалку од 40 минути на теренот постигна 40 поени (13/26 голови од поле, 12/17 слободни фрлања), 27 скока (7 офанзивни), 10 асистенции, 2 украдени топки и 5 загубени топки!

    Јокиќ, кој имаше 20 скока на полувремето, стана првиот кошаркар во последните 54 години кој успеал да го постигне овој статистички учинок во НБА. Во далечната 1968 година, кошаркарскиот титан Вилт Чембрлен имаше 53 поени, 32 скока и 14 асистенции како играч на Филаделфија. Покрај Вилт и Никола, ваков учинок во историјата на НБА имаше само кошаркарскиот великан Елгин Бејлор.

    Сепак, сите тие бројки и рекорди не го интересираат многу момчето од Сомбор. На новинарско прашање како успеал да биде толку доминантен во скоковите, Јокиќ рече:

    „Искрено мислам дека тоа е поради нашата одбрана и сознанието дека бев на вистинското место во вистинско време. Сам не ги бркав тие топки, едноставно така се случи. Би сакал да биде возможно на секој меч, ако разбирате што сакам да кажам“, изјави Јокиќ, а потоа на прашањето дали размислува за освојување на третата МВП титула, рече:

    „Не размислува дали повторно ќе бидам прогласен за МВП. Ако се случи, ќе се случи… тоа не е нешто што е моја цел само по себе, туку добра игра“, изјави Јокиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img