More

    Србите на северот на Косово десетти ден на барикадите, основците се враќаат на училиште

    spot_img

    Србите на северот на Косово десетти ден се на барикадите поради апсењето на нивните сонародници и присуството на косовската полиција на северот на покраината.

    Поставени се барикади во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

    Административните премини Јариње и Брњак се затворени, бидејќи косовската полиција ги затвори откако Србите започнаа протести и поставија барикади.

    Основците на северот на Косово од денеска се враќаат на училиште, додека средношколците наставата ќе ја продолжат онлајн, јавува РТС.

    Нова.рс потсетува дека вчера во близина на административниот премин Јариње на страната на централна Србија се одржа собир на десничарски организации со цел, како што наведоа, „да се деблокира преминот за Србите од Косово и Метохија“.

    Припадниците на КФОР истегнаа бодликава жица зад административната линија, на косовската страна, додека на страната на централна Србија беше формиран кордон на српската полиција, кој ги спречи демонстрантите да стигнат до самиот административен премин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img