More

    Британската аукциска куќа што планираше да продаде куршум од пиштолот со кој бил убиен Џон Ленон во 1980 година ја повлече продажбата

    spot_img

    Британската аукциска куќа што планираше да продаде куршум од пиштолот со кој бил убиен Џон Ленон во 1980 година ја повлече продажбата. Куршумот требаше да биде понуден на наддавање во британскиот град Њукасл и се очекуваше да достигне цена од 2.000 фунти (околу 2.350 евра).

    Според аукциската куќа „Андерсон и Гарланд“ со седиште во Њукасл, куршумот првично му припаѓал на Брајан Тејлор кој служел како главен началник на полицијата во Нортамбрија во Велика Британија.

    „Тој самиот бил нападнат додека патувал со полициско возило, а како извинување му бил покажан мал полициски музеј каде што се чувал револверот. На Тејлор таму му било дозволено да го испроба оружјето што претходно било искористено за убиството на една од најомилените ѕвезди на музиката Џон Ленон. Куршумот бил изваден и му бил подарен на Тејлор. Тој го закачил на ѕидот од неговата канцеларија каде што останал до крајот на неговата кариера“, објави аукциската куќа на својата веб-страница.

    Семејството на Тејлор решило да му го подари куршумот на друг обожавател на Ленон.

    Атентаторот на Џон Ленон – Марк Дејвид Чепмен, кој сега има 68 години, отслужува доживотна затворска казна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img