More

    Ирак запали шест тони дрога – најмногу во последните 10 години

    spot_img

    Ирачките власти запалија околу шест тони дрога, вклучително и огромна количина канабис, психостимуланс каптагон и кокаин, што е најголемата акција за уништување на наркотици во Ирак во последните 10 години.

    Изгорени се 350 килограми кокаин и 54 милиони апчиња, од кои пет милиони каптагон.

    Станува збор за наркотици запленети на граничните премини и други локации во Ирак, од кои некои биле складирани неколку години.

    Најголем дел од уништената дрога потекнува од Иран, Либан и соседна Сирија.

    Претставници на владините служби, облечени во бели заштитни костуми и маски, ја истуриле дрогата во дупка ископана во песок.

    Безбедносните сили речиси секој ден објавуваат информации за нови заплени на дрога и апсења на дилери.

    Областите што граничат со Иран станаа главни патишта за нарко-бандите за транспорт на дрога, вклучително и кристален метамфетамин.

    Иако некои банди го користат Ирак како транзитна точка, оваа земја се соочи со вистинска експлозија на домашната продажба и потрошувачка на дрога во последниве години, наведува АФП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img