More

    Климатските промени ја поттикнуваат колерата низ светот

    spot_img

    Климатските промени доведоа до значително поголеми и посмртоносни епидемии на колера пријавени во околу 30 земји оваа година, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

    СЗО информира дека ги следи епидемиите на колера во 30 африкански земји, како и зголемувањето на случаите на Хаити.

    Истражувачите процениле дека секоја година има од 1,3 до 4 милиони случаи на колера и од 21.000 до 143.000 смртни случаи од колера ширум светот, според податоците на СЗО.

    – Ситуацијата е сосема без преседан, бидејќи не само што гледаме повеќе епидемии, туку овие епидемии се поголеми и посмртоносни од оние што ги видовме во изминатите години – рече Филип Барбоза, кој го предводи тимот на СЗО задолжен за борба против колера и епидемиска дијареа.

    Лекарите без граници известија дека оваа година има избивање на колера во бегалските кампови во Либан, Сомалија и Нигерија.

    Колерата е акутна инфекција предизвикана од Vibrio cholerae која го зафаќа целото тенко црево и се карактеризира со обилна водена дијареа, повраќање, грчеви во мускулите, дехидрација, олигурија и колапс.

    Колерата погодува околу три до пет милиони луѓе низ светот и е одговорна за меѓу 28.800 – 130.000 смртни случа годишно.

    – Она што е повторно многу ново од почетокот на годината и крајот на минатата година е многу видливото влијание на климатските промени – рече Барбоза.

    Како што рече, повеќето од овие големи епидемии и тоа што се случуваат во исто време, што ја прави ситуацијата многу посложена, е директно влијание на зголемувањето на неповолните климатски проблеми.

    На пример, рече Барбоза, значителни поплави, невидени монсуни и серија циклони продолжуваат да бидат поттикнати од климатските промени во Африканскиот рог, Сахел и другите делови на светот.

    – И за жал, работите нема да се сменат наскоро – рече Барбоза.

    Претставникот на СЗО рече дека колерата е очигледно болест на сиромаштијата и ранливоста.

    – Тоа е најкревкиот дел од населението во која било земја што е најзагрозен и од едноставна причина: тоа е само затоа што немаат пристап до безбедна вода и основни санитарни услови – додаде Барбоза.

    Третманот на колера вклучува орална рехидратација за повеќето пациенти и интравенска рехидратација за потешки случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img