Какво изненадување приреди Синиша Михајловиќ во 2002 година?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Bologna's Serbian head coach Sinisa Mihajlovic looks on before the Serie A football match between Lazio and Bologna at the Olympic Stadium in Rome on February 29, 2020. (Photo by Filippo MONTEFORTE / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Денеска нѐ напушти голем фудбалер и тренер. Денеска нѐ напушти Синиша Михајловиќ, кој зад своето име остави блескава кариера.

Србинот остави длабоки траги секаде каде што играше, а особено голема беше неговата љубов кон Црвена ѕвезда.

Интересен момент се случи во 2002 година кога неговиот тогашен клуб Лацио ја извлече Црвена ѕвезда за противник во второто коло од УЕФА натпреварувањето, но токму поради големата љубов кон црвено-белите, Михајловиќ направи потег кој денес малкумина би имале храброст да го направат.

Синиша, тогаш, заедно со колегата Дејан Станковиќ, одлучи да не настапи против својот омилен клуб и со тоа двајцата предизвикаа големо внимание во медиумите, особено поради тоа што раководството на Лацио не смееше ништо да им каже. Цврсто го зазедоа својот став дека нема да играат против Ѕвезда и двата натпревари ги отседоа на клупата за резервни играчи.

Натпреварите ги доби италијанскиот тим и Лацио помина во следната фаза, а Михајловиќ тогаш даде интересна изјава за медиумите:

– Понатаму оди послабиот тим. Црвена ѕвезда беше подобра и во Рим и во Белград, но пресуди поголемото искуство на фудбалерите на Лацио – изјави тогаш Миха.

Уште еден необичен потег беше тоа што Михајловиќ тогаш излезе на „Маракана“ облечен во дресот на Црвена ѕвезда.

За жал, популарниот Миха никогаш не доби можност да се врати во Црвена ѕвезда и таму да ја заврши играчката кариера, а неостварена желба му остана и тоа да биде тренер на клубот од Маракана.

Share This Article