Сточарите од Тромеѓа блокираа пат незадоволни од мерките за африканска чума

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сточарите од кумановското село Тромеѓа, денеска еден час го блокираа регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Тие бараат да не се уништуваат нивните здрави свињи.

Агенцијата за храна и ветеринарство претходно потврди дека е утврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште во село Тромеѓа.

– Не смее да се уништи здравиот сточен фонд. Сметаме дека малиот сточар не смее да се уништи на сметка на големи корпорации. Во селото освен во едното одгедувалиште, во сите останати свињите се здрави. Поминати е повеќе од месец дена и досега ниту едно животно не покажа симптои – изјави Владан Станојковски, заменик претседател на месна заедница село Тромеѓа.

Сточарите протестираат од 6 декември годинава, прво го блокираа влезот на селото, а подоцна се префлрија на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, на клучката помеѓу двете населби.

Сточарите велат дека околу нивното село нема шума и нема контакти со диви свињи. Стравуваат дека по уништувањето на свињите во Кумановско ќе се зголеми цената на свинско месо и дека ќе се дозволи увоз. Во Тромеѓа, според податоци на производителите има регистрирано помалку од 1.000 свињи.

И за утре е најавен протест со почеток од 9 часот на истата локација кај клучка помеѓу населбите „Перо Чичо“ и „Иго Тричковиќ“ на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Претходно, во кумановско протестираа одгледувачите од реонот на селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село. Прв случај на африканска чума во кумановскиот регион беше регистриран на почетокот од октомври, годинава.

Share This Article