More

    Меси отворено: Среќен сум што мојата мундијалска приказна ја завршив во финалето

    spot_img

    Капитенот на Аргентина, Лионел Меси во недела ќе го одигра последниот натпревар од Светското првенство во кариерата.

    35-годишниот Меси во полуфиналето со Хрватска го постигна петтиот гол на шампионатот во Катар, а има и три асистенции.

    „Многу сум среќен што мојата приказна на Светското првенство ја завршив во финалето и можам да видам колку сите во Аргентина уживаат во тоа. Има многу време помеѓу ова и следното Светско првенство и мислам дека нема да можам да бидам подготвен за тоа. Совршено е што се ќе заврши на овој начин“, изјави Меси.

    Аргентина во финалето ќе игра против Франција.

    „Ќе дадеме се од себе, како и досега, за овој пат навистина да бидеме најдобри. Уживав во претходните години и навистина уживам во се што ни се случува. Освојување на Копа Америка и пласман во финалето на Светското првенство, 36 натпревари без пораз, тоа е навистина неверојатно. Се надевам дека луѓето во Аргентина уживаат во тоа што го правиме, можат да бидат сигурни дека ќе дадеме се што имаме“, додаде капитенот на „гаучосите“.

    Финалето ќе се игра на стадионот Лусаил во недела од 16 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img