More

    Се претпоставува дека најмалку 120 луѓе знаеле за наводните планови на движењето Граѓани на Рајхот за насилно соборување на германската Влада

    spot_img

    Се претпоставува дека најмалку 120 луѓе знаеле за наводните планови на движењето Граѓани на Рајхот за насилно соборување на германската Влада, јави германската новинска агенција ДПА. Дваесет и пет осомничени беа уапсени во полициска рација ширум Германија на 7 декември поврзани со заговорот.

    – За време на претресите, пронајдени се меѓу 120 и 130 изјави во кои луѓето се заколнале на тајност под закана од казна – изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер на состанокот на парламентарната комисија за внатрешни работи.

    На состанокот се разговарало и за тоа како да се процени колку е опасна групата, чии членови, според безбедносните служби, се вооружени и подготвени да преземат насилни дејствија.

    Фесер кон крајот на минатата недела ги објави плановите да ги заостри законите за оружје и да го олесни отпуштање на владини претставници со антивладини убедувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img