More

    Османи: Присуството на српската војска на Косово заврши во 1999 година

    spot_img

    Претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека заканата на Србија се манифестира и преку „хегемонистичката идеја“ за распоредување воени трупи на Косово и дека српскиот претседател Александар Вучиќ многу добро знае дека присуството на српската војска на Косово завршило во 1999 година.

    Според неа, ситуацијата на северот се уште е предизвик, а како што додаде, „криминалните банди во Северна Митровица кои се финансирани од државата Србија ќе се соочат со правдата“.

    „Северот на Косово продолжува да претставува предизвик поради територијалните претензии што Србија ги има кон Косово, кои ги изразува преку финансирање и поддршка на криминални структури. Бандите не го сакаат спроведувањето на законот во земјата. Ќе се соочат со правдата за заплашување на граѓаните. Сите сме сведоци на постојаната закана на Србија за Косово. Оваа закана се манифестираше преку хегемонистичката идеја за распоредување воени трупи на Косово. Српскиот претседател Александар Вучиќ многу добро знае дека присуството на српската војска на Косово заврши во 1999 година“, рече таа.

    Како што наведе таа, Белград треба јасно да разбере „дека Косово е држава и секогаш ќе остане“ и дека дијалогот треба да се фокусира на меѓусебното признавање.

    „Независноста на нашата држава се гради со крв и темелите на државата се поцврсти отколку што мислат некои. Нашата цел е НАТО. Нашата надворешна политика им служи на интересите на нашата држава во целина“, рече Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img