Македонски учебник, кој на децата им дава основни информации за населението и за континентите, тврди дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29.305 метри.
До сега се учеше дека врвот што го нарекуваат и „покривот на светот“ е висок 8.849 метри.
Како дошло до оваа грешка? Поради лош превод.
Монт Еверест навистина е висок 29.305, ама не метри, туку стапки. Преведувачот и уредникот на изданието не виделе дека станува збор за друга мерна единица.
Инаку, ако стапките се претворат во метри, се добива точно 8.849 метри.
На социјалните мрежи врие од коментари за овој гаф. Никој надлежен не се огласил да каже дали и како ќе се исправи оваа груба грешка.