More

    ИЗЛОЖБА „ПИКАСО И ЈАС“ И „НЕДЕЛА НА ШПАНСКИ ФИЛМ“ ВО ОХРИД

    spot_img

    Како резултат на културната соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, во Охрид ќе се одржи изложба и проекција на циклус шпански филмови.

    Изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник  Филип Фидановски ќе биде отворена на 20.12.2022 (вторник) со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на  центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата се организира по повод 140 годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо.

    Истата вечер со почеток во 19:00 часот во големата сала на центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне „Недела на шпански филм“ која ќе трае до 22.12.2022 година. Планирано е да бидат прикажани три филмови од шпанска продукција. Филмовите ќе се прикажуваат по следниот редослед:

    -20.12.2022 (вторник) ќе биде прикажан филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер.

    -21.12.2022 (среда) ќе биде прикажан филмот „Тајната во нивните очи“ од режисерот  Хуан Хозе Кампанела.

    -22.12.2022 (четврток) ќе биде прикажан филмот „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба.

     

    Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img