Кремљ денеска соопшти дека не добил никакви предлози од Киев за запирање на борбите во Украина за време на претстојниот празничен период и дека прекин на огнот не бил на агендата на Москва.
– Не, од никого не се примени никакви предлози и ниту една тема од ваков вид не е на дневен ред – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на прашањето дали Русија ќе ги паузира нападите за Божик или за Нова Година.