More

    Пресуда на Европскиот суд за човекови права- две основни училишта во Битола и Штип, го повредиле правото на децата на недискриминација во врска со нивното право на образование

    spot_img

    Родителите Роми чиишто деца биле сегрегирани во две основни училишта во Северна Македонија добија важна пресуда пред Европскиот суд за човекови права против Северна Македонија. Судот утврди дека две основни училишта, „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип, го повредиле правото на децата на недискриминација (член 14) во врска со нивното право на образование (член 2 од Протоколот бр. 1). На секое домаќинство му е доделена оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта.

    Предметот беше изнесен пред Судот преку две апликации поднесени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), кој претходно годинава обезбеди и одлуки за прекинување на сегрегацијата во Битола и Штип од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Северна Македонија.

    – Неколку години трпеливо ја чекаме оваа пресуда и задоволни сме дека, конечно, неправдата што ја искусија многу генерации ромски деца кои учат во двете сегрегирачки училишта е меѓународно признаена од страна на најважниот суд во Европа. Она што сега мора итно да се случи е донесување планови за десегрегација во двете училишта, за да се обезбеди дека утврдената повреда нема да се повтори во следните школски години – изјави правниот директор на ЕЦПР Сенада Сали. Таа додава дека ЕЦПР внимателно ќе ги следи дејствијата по оваа пресуда и ќе го информира Комитетот на министри доколку пресудата не е проследена со соодветно спроведување.

    Со години наназад сè повеќе деца од населбата Баир во Битола, каде доминантно живее ромско население, посетуваат сегрегирани одделенија. За прв пат, во школската година 2021- 2022, сите првоодделенци запишани во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ се од ромско национално потекло. Во голема мера, тоа се должи на отпишување на не-ромските деца од страна на нивните родители и запишување во други училишта кои ги посетуваат помал број ромски ученици. Освен тоа, родителите сметаат дека е опаднат квалитетот на образованието што им се нуди на децата во училиштата со доминантно ромски ученици. Процесот бил потпомогнат од училишните власти кои им отежнале, па дури и направиле да биде невозможно, родителите Роми да го сторат истото што го направиле другите родители и да ги запишат нивните деца на друго место каде ќе можат да добијат подобро образование.

    Во однос на основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, пред Судот беше изнесено дека во школската година 2018-2019 учениците Роми претставувале 67 отсто од сите ученици. Исто како и во Битола, заминувањето на ученици било утврдено како причина за диспропорционално високиот број на деца Роми во училиштето. Судот утврди дека мерките што ги преземало училиштето за намалување на сегрегацијата на ромските ученици се неефективни.

    Претставките што ЕЦПР ги поднесе до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација резултираа во позитивна одлука за родителите на засегнатите деца. Овој орган им нареди на општините да гарантираат дека децата може да се запишуваат само во училишта од нивната област, но и да преземат други мерки поврзани со училиштата кои имаат за цел да стават крај на сегрегацијата на децата Роми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img