Украинско дете засолнето во бункер привлече внимание на глобално ниво откако видеото од нејзиното пеење на песната „Let It Go“ стана вирално на социјалните мрежи, при што првата министерка Никола Старџен и ѕвездата на „Frozen“ Идина Менцел реагираа на снимката.
Малото девојче, за која се верува дека се вика Амелија, е „уловена“ како на мајчин јазик го пее хитот од филмот на „Дизни“ – „Frozen“ од подземен бункер во главниот град Киев, додека луѓето се собирале наоколу да гледаат.
Видеото, објавено на Фејсбук од корисничката Марта Смехова, собра повеќе од 86.000 лајкови и е погледнато 2,6 милиони пати откако беше објавено на платформата во четвртокот.
ФОТО: Фејсбук