More

    Во петок Конференција за економските предизвици во следната година

    spot_img

    Политичари, економисти и бизнисмени во петок ќе дискутираат на тема:„Економски предизвици во 2023: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ на конференција што ја организира Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора.

    Цел на оваа конференција, како што соопшти стопанската комора е да се подобри дијалогот на креаторите на економските политики и бизнисите кои со својата деловна активност го создаваат бруто домашниот производ е повеќе од потребна во насока на создавање подобри услови за економски раст и развој.

    – Влијанието на политичките и економските фактори од глобален карактер значително се рефлектираат на деловниот амбиент на стопанисување, правејќи го се покомплексно планирањето на следните бизнис потфати, а очекуваните ефекти од економската активност се’ понеизвесни. Пандемија, војна, недостиг на храна и енергетска криза, се само дел од факторите кои допринесуваат кон раст на инфлацијата и појава на рецесиони движења во Европа. Во такви услови, компаниите со голема доза на несигурност ги проектираат своите планови за реализација во следната година, со голема доза на свесност дека цената на енергенсите директно и во голем дел влијае врз цената на производот и услугата, како и фактот дека цените на производите и услугите од ден на ден се менува во нагорна линија што остава можност за проблем на макроекономски план – велат од Комората.

    Во рамки конференцијата ќе се одржат две панел -дикусии.

    На првиот ќе се дискутира на тема „Како истовремено да оствариме соборување на инфлацијата и раст на економијата“.На овој панел мислење ќе дадат д-р Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народна банка на Република Северна Македонија, м-р Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, м-р Крешник Бектеши, министер за економија и д-р Фатмир Бесими, министер за финансии,

    На вториот панел со наслов: „Очекувања за стабилноста и растот на бизнис заедницата“ ќе дискутираат проф.д-р Никица Мојсоска-Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025, Боријан Борозанов, управител на Џонсон Мети Скопје, Тодор Анѓушев, управител на Мали хидро електрани ДОО и ЕМС ДОО Скопје, м-р Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес Виница ДОО и Васко Кроневски, извршен директор и ко-основач на Некстсенс ДОО Скопје.

    Конференција, како што соопштија од Комората, е предвесник на многу други активности и иницијативи кои Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, во рамки на Стопанската комора ќе ги понуди на високообразовните кадри обединувајќи ги светските трендови и практичното искуство споделено од врвни менаџери, сопственици на компании, креатори на политики и реномирани професори и академици од земјава и странство.

    – Тоа е уникатната вредност што Комората може да ја понуди на своите членки и да даде придонес во создавањето на идните лидери кои ќе ги водат компаниите и развиваат конкурентност за настап како на регионалните пазари, така и на меѓународните пазари каде конкуренцијата од ден на ден е се поголема. Преку градењето синергија помеѓу високото образование и стекнувањето на лидерски вештини како комплементарни процеси градиме претприемачки дух кај младите генерации, поттикнуваме соработка помеѓу малите и средни претпријатија од една страна и големите компании од друга страна, создаваме можност за раст и развој преку градење на мрежа на идни лидери – нешто што Стопанската комора умешно знае да го направи на најдобар начин, впрочем тоа е и Комората на иднината – консултант на бизнисот- велат од Стопанската комора.

    Конференцијата ќе се одржи во петок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img