Разводот на една од најубавите манекенки на светот Жизел Бундшен и нејзиниот партнер Том Брејди последниот месец беше тема во сите светски медиуми.
Како бомба одекна веста дека славната манекенка ставила крај на љубовта со американскиот фудбалер Том Брејди, а разводната парница беше завршена за кратко време благодарение на предбрачниот договор.
Папараците неодамна ја фотографираа убавата манекенка и нејзините деца во сончевиот Мајами. Жизел со децата Бенџамин (12) и ќерката Вивиен (9) отишле во Мајами каде што заедно уживале во еден аквапарк. Фотографиите од семејното време набрзо се проширија на социјалните мрежи, а луѓето едноставно беа воодушевени од фигурата на Жизел во едноделен костим за капење. Манекенката изгледа како времето да застанало за неа. Фит телото, долгите нозе и убавото лице сè уште го красат нејзиниот физички изглед.
Жизел и Том беа во брак 13 години, а веста за разводот ја потврдија преку своите приватни профили на Инстаграм.
„До оваа одлука дојдовме спогодбено. Благодарни сме за времето што го поминавме заедно“, напишал Брејди, а Бундшен додаде дека „заедно ќе продолжат да им даваат на своите деца љубов, грижа и внимание што го заслужуваат“.